Вонредно Собрание на БК Балканец: Марјан Атанасов е нов претседател, а Зоран Шоров шеф на стручниот штаб…!

Sobranie na balkanec 2
Синоќа на вонредното Собрание на БК Балканец за претседател на клубот е избран Марјан Атнасов, противкандидат му беше Добре Маринков, кој не присуствуваше на Собранието. Атанасов доби 47 гласа од присутните делагати, а Маринков еден глас. Едногласно за заменик претседател е избран досегашниот тренер, Виктор Богданов, кој се откажа од тренерската функција. Исто така, со акламација за спортски директор е именуван Методи Сичков. За шеф на Стручниот штаб беше поставен трикратниот олимпиец, Зоран Шоров. 

Sobranie na Balkanec 3
На вонредното изборно Собраниие присуствуваа 48 сегашни и поранешни борачи и гости. Со Собранието раководеше Санде Коцев, поранешен борач, кој даде и воведни напомени- за причините за свикување на највисокиот орган.
„Нашата цел е да ги обединиме сите сегашни и поранешни борачи, да тргнеме по вистинската насока. Балканец бил синоним на успеси. Прва екипа во Македонија која освои вицешампионска европска титула. Балканец е бренд. Причината за одржување на Собранието е што пред извесно време на нелигитимен начин се избрани првите луѓе на клубот. Борачите-ветерани сакаат да му помогнат на Балканец да тргне во вистинската насока“, – рече Санде Коцев.

Sobranie na Balkanec 4 za
Да потсетиме, Методи Сичков и Марјан Атанасов и порано биле претседатели на Балканец.
„За сите кои сакаат има место во клубот. Со ред и дисциплина, верувам дека ќе ги постигнеме резултатите од 1999 до 2003 година, кога во клубот бевме заедно со Методи Сичков и Зоран Шоров“,-изјави Марјан Атанасов.
„Поддршка за Вонредното собрание имаме и од градоначалникот на Штип, со кој се договоривме да се изгради и сала за боречки спортови. За ова имаме поддршка и од директорот на Агенцијата за спорт и млади, Марјан Спасевски“- рече Методи Сичков.
„Преку борењето се афирмиравме, станавме познати спортисти и спортски работници, општественици. Време е сега да му помогнеме и да му вратиме на борењето барем еден дел од она што тоа го даде за нас“,- се обрати на Собранието еден од поранешните претседатели на Балканец, Здравко Коцев.

Sobranie na blakanec
„Ќе останат сите тренери во Балканец. Поголемо внимание ќе посветиме на најмладите борачи. Сметам дека во Македонија неколку години треба да нема лига во сениорска конкуренција, додека не стасат младите таленти. Што се однесува до рускиот тренер Николај Корнеев, тој може да продолжи да работи во некој друг клуб во Македонија. Само со редовни тренинзи и дисциплина можеме да постигнеме успешни резултати“, – ни рече Зоран Шоров.
На вонредното Собрание донесени се и повеќе заклучоци.-да се подготви редовно годишно собрание, да се изменат некои членови во Статутот и наместо Балканец 2008, сега да го содржи само името БАЛКАНЕЦ, како и поранешното раководство на редовното годишно Собрание да даде финансиски отчет за својата работа.

ipon.mk/К. Манев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО