Викторија Јовановска е петта на Карате 1 Серија А во Португалија

Викторија Јовановска го освои петтото место на Карате 1 Серија А во Матосинхос, Португалија, откако во борбата за бронзата зауби со 4-7 од Анквуд Олаја Енхаили од Шпанија.

Ова е успех за Јовановска, иако радоста можеше да биде поголема, бидејќи каратистката на Макпетрол извојува 4 победи а во полуфиналето загуби 0-1 од Ешли Какиај од Холандија.

На Карате 1 Серија А настапуваат 990 спортисти од 70 земји.

Карате 1 Серија А – Матосинхос 2023:

61 кг
Викторија Јовановска – Дарија Питта (Италија) 1-1
Викторија Јовановска – Клаудија Сантос (Португалија) 8-0
Викторија Јовановска – Ѓихане Менасер (Франција) 4-0
Викторија Јовановска – Јелена Калајѓиќ (Австралија) 1-0
Полуфинале
Викторија Јовановска – Ешли Какиај (Холандија) 0-1
За бронза
Викторија Јовановска – Анквуд Олаја Енхаили (Шпанија) 4-7

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО