Видео за дебитантскиот меч на Миличиќ! (ВИДЕО)

Millicic veezba

Дарко Миличиќ напорно се подготвува за своето деби како професионален кикбоксер.

Официјалното деби во рингот е на 18 декември во Нови Сад, каде што ќе ги одмери силите со Радован Радојчин. Противникот на Миличиќ е висок 194 сантиметри и има 21 година.

За потребите на мечот е изработено промотивно видео.

Миличиќ (213 сантиметри) на НБА драфтот во 2003 година беше избран како втор пик. Од професионалната кошарка се откажа во 2012 година, по десет сезони поминати во тимовите на Детроит, Орландо, Мемфис, Њујорк, Минесота и Бостон, при што во 2004 година со Детроит ја освои шампионската титула.

 http://youtu.be/0OkMpyOxL-M

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО