Веспа за европскиот шампион Вероника Костовска!

Veronika so Vespa

Синоќа КК Кеикс од Скопје со свечен коктел ја  одбележа шампионската титула на Вероника Костовска-Веци во прсиство на многу гости од карате спортот, тренерот на репрезентацијата Александар Кузмановски, Гоце Петров од Агенцијата за млади си порт, бизнисмени, медиуми, роднини  и пријатели.

Можеше да се видат сите борби на Вероника до златниот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Цирих, Швајцарија, на големиот видео бим, а таа и нејзиниот тренер Елвир Куртановиќ се заблагодарија на поддржувачите на клубот и ветија нови титули. При тоа на Дејан Црничиќ му го честитаа брозениот медал од Балканското првенство за сениори во Чачак, Србија, овој викенд.

Trenetrot kuzmanovski kaj veronika

Големо изнендаување за шампионката беше подаркот од клубот „веспа“ моторче. А Црничиќ дофрли, ако  освојам европска титула во сениорска конкуренција сакам „ауди 4“.

Нека му ја мислат од Кеикс за слатките проблеми.

nagrada za sampionakata

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО