АктуелноБорењеДомашна сцена

Тони Танчев селектор на репрезентацијата во борење до 23 години

Toni Tnacev

Тони Танчев од Бучим-Радовиш е назначен за селектор на репрезентацијата во борење до 23 години. Така одлучи синоќа на седницата Управниот одбор на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ).

Танчев во најскоро време треба да достави список на патници за турнирот „Петко Сираков“ во Бугарија, по што ќе го дефинира списокот на патници за Европското првенство во Полска.

Станало збор и за подготовките на сениорската репрезентација, при штоселекторот треба да достави конкретен план и да ги одреди учесниците за силните турнири во Бугарија и Турција, „Дан Колов“ и „Јашар Догу“. По овие турнири и ЕП за младинци до 23 години ќе се комплетира списокот за Европските игри во Баку, Азребејџан.

УО донел одлука резултати од сите првенства да се собираат и на крај најуспешниот клуб да се прогласи за Куп победник на Македонија во тековната година. За Лигата се уште ништо не е одлучено.

ipon.mk/В.Д.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON