Неверојатно-65.000 долари билет за мечот навекот Мејведер-Пакијао!

floyd-mayweather.jpeg

Цените на билетите за боксерскиот „меч на векот“ меѓу Мани Пакијао и Флојд Мејведер го собори рекордот за спортски настан.

Најевтиниот билет во моментов е по цена од 4.175 долари, додека најскапите се за 64.689 долари. Просекот на билет е по 10.506 долари, што е за 50 долари повеќе од тикетите за најголемото шоу во САД – Супер Бол.

Цената на платеното телевизиско емитување исто е рекордна. Задоволството да се набљудува средбата на телевизија ќе го чини секој сто долари.

Промоторот на Пакијао, Боб Арам, се пожали од постојаните нарачки за ВИП билети од познати личности.

Наградниот фонд на натпреварот е 250 милиони долари, од кои Американецот ќе добие 150, а филипинецот – 100.

37-годишниот Мејведер има 47 победи во 47 натпревари во професионалниот ринг, 26 oт кои со нокаут. 36-годишниот Пакијао има 57 победи, пет порази и две ремија во 64 дуели, од тоа 38 се со нокаут.

Шоуто ќе се одржи на 2 мај во Лас Вегас во салата “МГМ Гранд”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО