Вајт: Може да направиме борба меѓу Хабиб и Жорж Сент Пјер

Дана Вајт е подготвена да го оствари сонот на Хабиб Нурмагомедов и да му овозможи меч со легендарниот Жорж Сент Пјер.

Непоразениот борец од Дагестан ќе ја исполни волјата на неговиот покоен татко и по две борби ќе се пензионира од ММА, во кои ќе се обиде да остане непоразен со скор од 30-0 во кафезот. Неоспорниот шампион се подготвува за борба со привремениот шампион Џастин Гејџи на крајот на годината.

Ако се оди според планот, тогаш Хабиб ќе се повлече во ММА следната година. Неговиот татко Абдулманап почина на почетокот од овој месец. Легендарниот тренер отсекогаш сонувал за битка помеѓу Сент Пјер и Хабиб, но никогаш не ја виде. Претседателот на УФЦ за медиумите изјави дека доколку Хабиб сака да се пензионира по уште две борби, Вајт ќе му даде шанса за последната средба со Жорж Сент Пјер.

„Очигледно дека Хабиб Нурмагомедов има борба со Џастин Гејџи, што е факт. Во неговата следна борба ќе се бори против Гејџи. Не знам кој ќе биде неговиот последен противник во 30-тата борба. Конор Мек Грегор сака реванш и тоа е борба која треба да се направи. Засега Гејџи е следен противник за него.

Се разбира, ако Хабиб сака да се бори против Жорж Сент Пјер во неговата последна битка, ќе му ја дадеме таа шанса. Ова момче беше одлично. Хабиб се оденеусваше добро и беше одличен за спортот. Многу го сакам и ќе направам што сака“, рече Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО