Тајсон објасни зошто го викаат „Железниот Мајк“

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон, откри зошто сите го викаат „Железниот Мајк“. Тој вели дека околу неговиот прекар нема некоја посебна приказна, туку дека го добил од свој добар пријател.

„Некој едноставно само почна да ме вика „Железниот Мајк“. Тоа беше мојот стар пријател Карлос Сантос. Тој ми кажа дека ќе ми купи маица на која пишува „Железниот Мајк“ и сега сите ме викаат така“, изјави Тајсон.

Тајсон кариерата ја заврши во 2005 година, а годинава најави враќање во рингот кој ќе се случи во септември месец против Рој Џонсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО