Вајлдер ќе го предизвика победникот од Кличко – Џошуа

Боксерскиот шампион во верзијата ВБЦ, Дионтеј Вајлдер е со намера да го предизвика победникот од мечот меѓу Владимир Кличко и Ентони Џошуа, кој ќе се одржи на 29 април во Лондон.

Дионтеј Вајлдер ќе го гледа мечот меѓу Кличко и Џошува, а по неговото завршување има намера да влезе во рингот и пред целиот аудиториум да го предизвика победникот.

Вајлдер во кариерата има боксирано во 38 мечеви, нема пораз, а на 37 од нив победил со нокаут.

Овој боксер ќе биде дел од тимот на Скај спортс кој ќе го пренесува мечот за обединување на титулите во верзиите ВБА, ИБФ и ИБО.

Инаку, Вајлдер, во минатото им бил спаринг партнер и на Кличко и на Џошуа. Шампионот во ВБЦ верзијата најавил дека по мечот ќе влезе во рингот и дека ќе го предизвика победникот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО