Дана Вајт: Деметриус Џонсон ќе си ги добие појасите

Шампионот на УФЦ во мува категорија, Деметриус Џонсон, воопшто не е задоволен од фактот што тој е единствениот шампион во организацијата кој не добива нов појас секој пат кога ќе ја одбрани титулата.

Откако Мајти маус го победи Вилсон Рајс и ја направи десеттата одбрана, претседателот на органзацијата Дана Вајт изјави дека се ќе стори што е во негова моќ за да му обезбеди останатите појаси на Џонсон за неговата колекција.

Сепак, додаде дека не е сосема точно дека шампионите добиваат нов појас при секоја одбрана.

„Ќе му ги дадам сите појаси. Тој дефинитивно ќе го задржи појасот од вечерва. Претпоставувам дека ќе треба и да надполниме. Слушајте, така не се случуваат работите. Секој пат луѓето не заработуваат појаси. Ја бранат титулата и си го зачувуваат појасот. Ако при секоја одбрана обезбедуваме појас, тоа се многу пари. Многу пари ќе чини и да му најдеме уште осум појаси. Ако треба да сум искрен со вас, немаме осум појаси. Ги порачуваме ги кога организираме настани. Но ќе направиме се што е потребно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО