Лук Рокхолд сака пресметка со Витакер

Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија Лук Рокхолд изрази желба да се бори со Роберт Витакер.

Името на Витакер стана исклучително актуелно во последните денови, откако забележа одличен успех против еден од најсилните борци во категоријата – Роналдо Соуза – Жакар.

Рокхолд кој не влегол во октагонот откако ја загуби титулата од Мајкл Биспинг во 2016 година, изрази желба да ги одмери силите со Австралиецот. Тоа го потврди новинарот Ариел Хелвани.

„Лук Рокхолд се поврза со мене и ми рече дека е подготвен да се бори со Роберт Витакер на УФЦ 213 на 8 јули. „Импресиониран сум“, рече тој во однос на победата на Витакер, напиша Хелвани на социјалната мрежа.

На крајот на минатата година Лук Рокхолд мораше да се бори со Жакар, но повредата спречи да се соочи со Алигаторот.

Сепак, сега Американецот е решен да го почне враќањето кон врвовт на дивизијата, бркајќи го појасот, кој беше во негова сопственост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО