Златко Петровски против Саво Лазиќ се бори за појасот на МФЦ

Официјално е потврдено дека Златко Петровски на „Монтенегро фајтинг чемпионшип 5“ ќе се бори со Саво Лазиќ за појасот на организацијата на 8 јуни во главниот град на Црна Гора, Подгорица.

Петровскиот има ММА скор од 5 победи без пораз, последен пат беше во акција на „ГФЦ Србија – Гладијаторс фајтинг чемпионшип 2“ кога го победи Бобан Обрадовиќ со лост уште во првата рунда.

Саво Лазиќ пред борбата со Петровски има настап на првиот настан на Мегдан кој ќе се одржи овој викенд во Нови Сад. Последен пат беше во акција на „Комбат челинџ Србија – комбат челинџ 11“, а тогаш го заврши Младен Поњевиќ со технички нокаут во првата рунда.

Оваа борба е за појасот во лесна категорија на МФЦ/MFC.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО