Вајлдер: Фјури не е шампион, победи зомби, имаме уште еден меч

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Дионтеј Вајлдер уште еднаш го оправда поразот од Тајсон Фјури во февруари, велејќи дека се чувствувал „како зомби“ во рингот. Фјури го нанесе првиот пораз во професионалната кариера на Вајлдер, откако тотално го надигра и го нокаутираше во седмата рунда од нивниот судир во Лас Вегас, за да стане шампион по втор пат.

По дуелот, 34-годишниот Американец изјави дека причина за поразот е тешкиот костум,со кој влегол во рингот. „Кога го соблеков костимот, направив чудни работи. Луѓето кои го разбираат боксот, знаат дека вечерта во рингот не беше Дионтеј Вајлдер. Бев зомби таа ноќ, јас не бев јас. Се чувствував како зомби. Сè уште размислувам за овој меч и не можам да верувам што се случи “, рече Вајлдер.

„Работите сè уште не се завршени. Во моите очи, Фјури не е шампион. Тој сè уште не е шампион, имаме уште еден натпревар и со нетрпение очекувам да го покажам на светот најдоброто од Дионтеј Вајлдер. Во животот, човекот поверојатно ќе изгуби отколку да победи. Некои луѓе не знаат како да се вратат на нозе откако ќе паднат. Јас изгубив во рингот, но победувам во животот. Никогаш не страдам премногу кога губам затоа што тоа ме прави посилен“, додаде американскиот боксер.

Тој додаде дека бил подложен на операција на бицепс на десната рака по повредата за време на дуелот со Фјури.

„Закрепнувањето оди добро, се е во ред. Кога мојата рака е целосно заздравена, не можам да чекам да започнам со тренинзи и да ги правам работите што ги сакам“, рече Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО