Израел Адесања донираше маски и очила за болница во Нов Зеланд

Шампионот во средна категорија на УФЦ, Израел Адесања го следи примерот на Конор Мек Грегор и донираше во болница во Нов Зеланд. The Last Stylebender донираше 10.000 трислојни маски за лице и 1.000 заштитни очила за персоналот во болницата Вангануи, Нов Зеланд.

Мајката на шампионот работи во болницата како медицинска сестра во службата за итни случаи.

Тековната пандемија COVID-19 го стопираше развојот во светот со повеќе од 2 милиони потврдени случаи на вирус до денес. Во некои области, болниците се преполни, а работниците во првите редови ја немаат потребната опрема за лична заштита, за да се заштитат себе си додека лекуваат пациенти.

Болницата му се заблагодари на непоразениот шампион за неговата дарежливоста.

https://www.instagram.com/p/B-edECkn9tw/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО