Усик со огромен сендвич пред себе: Шкембар, види што јадам, ти си следниот! (ВИДЕО)

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБА, ИБФ и ВБО, Александар Усик, ја продолжува психолошката војна со Тајсон Фјури.

Украинецот на социјалните мрежи објави ново видео во кое му се обраќа на непоразениот британски боксер, актуелниот шампион на ВБЦ во тешка категорија.

Усик му вели: „Шкембар, види што ќе јадам сега. Ти си следниот“, а на масата има огромен хамбургер и газиран пијалок.

Реакцијата на Усик најверојатно е диктирана од изјавата на таткото на Фјури, Џон, кој пред неколку дена изјави дека Украинецот изгледа како да не јадел со месеци.

Годинава се очекува Џипси Кинг и Усик да се соочат и да го одредат апсолутниот светски шампион во тешка категорија. Големиот судир треба да се случи во март или април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО