Ентони Џошуа го договори својот следен меч против Џермејн Френклин

Поранешниот боксерски шампион Ентони Џошуа наскоро ќе се врати во рингот по двата порази од Aлександaр Усик.

На 1 април Британецот ќе боксира во лондонската О2 Арена против 29-годишниот Американец Џермејн Френклин, кој минатиот ноември му пружи добра борба на Дилиен Вајт.

Тоа беше прв пораз во кариерата за американскиот борец, загуби со едногласна одлука на судиите.

Доколку Џошуа го добие својот камбек меч, тогаш ќе се соочи со Дилиен Вајт.

Промоторот на Ентони, Еди Херн изјави дека Еј Џеј би можел да има три борби оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО