Усик: Ромите ќе ме поддржат на мечот против Тајсон Фјури

Украинскиот боксер во тешка категорија Aлександр Усик зборува за можноста да се бори со Британецот Тајсон Фјури на „Олимпик“ во Киев. Светскиот шампион во тешка категорија на ВБА Супер, ВБО, ИБФ, ИБО верува дека Ромите ќе го поддржат во борба со „Џипси Кинг“ од Велика Британија.

Неодамна се шпекулираше дека борбата Усик – Фјури ќе се одржи во февруари 2023 година. Локацијата најверојатно ќе биде Саудиска Арабија. Тајсон рекол дека сака 500 милиони, но тоа е лудо, според Усик. И Александар сака такви пари, но знае дека нема кој да ги даде.

Усик призна дека размислувал и за завршување на кариерата.

„Не сакам да се борам со Тајсон Фјури во моментов. Сакам само да уживам во домашните работи. Сакам да косам тревник. Рефлекторите во моментов се исклучени.

Фјури се нарекува себеси крал на сите кралеви. Во иднина ја сакам големата борба со него. Размислувам и за крај на кариерата. Би сакал да се борам на Олимпискиот стадион.

Фјури е лудак. Тој сака 500 милиони. И јас сакам 500 милиони. Зборува, но само дома.

Фјури нема да дојде на Олимпискиот стадион во Киев, бидејќи дури и Ромите ќе бидат за мене. Родната земја ми е тука, од каде ќе ја добие сила?“, рече Усик во интервјуто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО