Усик потпиша договор со промотерска компанија од Саудиска Арабија

Во последниве години нема толку многу очекувана борба во боксот како потенцијалната средба меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури.

Недофаливиот и технички беспрекорниот Украинец, кој ги има титулите на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО, против огромниот и харизматичен Британец кој е шампион на ВБЦ. За жал, двете страни не можеа да се разберат, а неколкумесечните преговори завршија само со меѓусебни навреди.

Сега се чини дека битката за титулата апсолутен светски шампион е се поблиска. Усик потпиша договор со промотерската компанија Скил челинџ помопушнс од Саудиска Арабија.

„За мене е голема чест и радост да се вратам во Кралството Саудиска Арабија. Ова е одлична можност да работиме со ХРХ принцот Калед и да ја постигнеме нашата цел.

Таа цел е да се освои титулата на ВБЦ во тешка категорија и да станам неприкосновен светски шампион. Немам големи планови. Како самурај имам само еден начин“, рече Усик.

Зошто новиот договор на Усик ја доближува борбата со Фјури? Затоа што принцот Калед е тој што планира да биде домаќин на спектакуларен турнир во декември 2023 година, на кој ќе се најдат најдобрите четири тешкаши на планетата.

Таму е предвидено да се појават Усик, Фјури, Дионтеј Вајлдер и Ентони Џошуа. Тимот на принцот вети дека ќе ги реши сите организациски прашања на најсигурен начин. Како што гледаме, Украинецот е веќе задоволен од се, а сега работите зависат од Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО