
Вториот ден, односно вчера, на Mеѓународниот карате турнир „Златен појас“ во Чачак, Србија, натпреварувачите на Кеикс освоија уште две бронзи.

Со бронзи се закитија кадетите Мерван Мемеди кој имаше три победи и еден изгубен меч во категорија кадети -57 кг и Андреј Радичев (-52 кг) со три победи и еден пораз.



