„Будо“ – Кавадарци успешен на два фронта-злато за Димитриев на БФЦ 4 Гладијаторс и 4 одличја на Државното БЏЏ првенство

Натпреварувачите на Центарот за боречки вештини Будо од Кавадрци викендов водеа борби на два фронта. Во саботата ММА борците Јордан Ѓошев, Дарко Димитриев и Илија Митрев настапија на ММА настанот БФЦ 4 Гладијаторс (Боснијан фајтинг чемпионшип) во Тузла-Босна и Херцеговина.

Јордан Ѓошев, кој се бореше во главниот дел на настанот, беше поразен од домашниот борец Кенан Омиќ, додека Дарко Димитриев и Илија Митрев се бореа во преминарните борби. Илија со една победа и 1 пораз не успеа да се заќити со медал, а Димитриев извојува убедлива победа со судиска одлука над противник од Дагестан, Артур Магомедов, а во финалето славеше со прекин со гушење во 3-тата рунда против домашниот борец Елведин Шечиќ и освои златен медал.
Додека вчера петмина натпреварувачи на БЏЏ клубот настапија на Државното БЏЏ првенство со кимоно кое се одржа во Велес.

Медали освоија:
Ива Колева – девојчиња 14-15 години, -55 кг, бел појас – златен медал
Петар Темелков – момчиња 14-15 години, -67 кг, бел појас – златен медал
Димитар Јошев – сениор +18 г, -69 кг – сребрен медал
Лео Костов – сениор +18 г., -94 кг – златен медал
Луќа Ѓошев момочиња 14-15 години, -84 кг – 6-то
На Ива Колева, Петар Темелков, Лука Ѓошев и Димитар Јошев ова им беше прво натпреварување, при што направија одлични резултати.



