Ученикот на Борче Лескаровски Сирил Маилефер освои бронза на ЕУИ, каде што шампион е Давид Петков

Вчера информиравме дека нашиот каратист Давид Петков ја освои шампионската титула во категоријата до 67 килограми во борби на Европските универзитетски игри (ЕУИ) во Лоџ, Полска, а тоа не прави посебно горди. Но, имаме уште еден медалист во оваа категорија што не парви уште погорди, ученикот на нашиот карате стручњак Борче Лескаровски, кој работи во Швајцарија, Сирил Маилефер го освои бронзениот медал во истата категорија.

Резултати

Сирил Маилефер (Швајцарија) – Савели Лобанов (Украина) 1-0
Сирил Маилефер (Швајцарија) – Јакуб Косински (Полска) 4-0
Сирил Маилефер (Швајцарија) – Алексеј Хоцулијак (Украина) 1-0
Полуфинале
Сирил Маилефер (Швајцарија) – Габриел Паула Матијас (Португалија) 1-3
За бронза
Сирил Маилефер (Швајцарија) – Давид Гахан (Ирска) 4-2

Да потсетиме, македонскиот карате мајстор Борче-Борис Лескаровски, кој има свој клуб  во Швајцарија и е присутен во Швајцарската федерација, на 5, 6 и 7 август ќе одржи семинар во родното Кичево.

Ова ќе биде „карате до“ специјален семинар – ојо бункаи хеиан, анан но ката.

Семинарот ќе се одржи во Соколаната во Кичево.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО