Борче Лескаровски го најави семинарот во Кичево

Македонскиот карате мајстор Борче-Борис Лескаровски, кој има свој клуб  во Швајцарија и присутен во Швајцарската федерација, со плакат го најави семинарот што ќе го одржи во родното Кичево на 5, 6 и 7 август.

Ова ќе биде „карате до“ специјален семинар – ојо бункаи хеиан, анан но ката.

Семинарот ќе се одржи во Соколаната во Кичево.

На 11 и 12 јуни го организираше јубилејниот 15-ти карате турнир Промо тур Биене/ Бил за пионери, кадети и јуниори до 18 години, на кој учествуваа 380 каратисти од 28 клуба од Швајцарија со 680 натпреварувачки влезови во кати и борби.

Ова е најголем национален турнир во Швајцарија и околината на Европа под закрила на Швајцарска карате федерација и Свис карате унијата, кој следеле на 3000 гледачи.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО