Стипе Миочиќ се уште го мачи поразот од Френсис Нгану: Тоа страшно ме нервира

Американско-хрватскиот борец Стипе Миочиќ наскоро повторно треба да влезе во октагонот. Стипе минатата година остана без шампионскиот појас на УФЦ во тешка категорија, откако загуби со нокаут од Френсис Нгану.

Два пати победи, а четири пати ја бранеше титулата. Во текот на кариерата, тој победи на 20 натпревари и загуби четири меча.

„Мразам порази“, изјави Стипе Миочиќ во интервју за Спортс илсутрејд, а поразот од Нгану го прокоментира:

„Френсис има добар удар, но тоа е така. Секој ден мислам на таа борба. Секогаш е така кога губам. Страшно ме нервира тој пораз, цело време мислам на тоа“.

Стипе го доби своето второ дете минатата година. Неговата сопруга Рајан Мари го роди синот Матео Круз. Пред четири години ја доби ќерката Мила.

Американско-хрватскиот борец продолжи да тренира, и се подготвува за нов влез во октагонот.

„Сакам да покажам дека се е можно и дека можеш да се вратиш по нокаутот. Треба да станеш и да продолжиш напред“, рече Стипе Миочиќ и подвлече:

„Се уште тренирам и следам што се случува. Сакам да добијам уште една шанса да го освојам шампионскиот појас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО