Хабиб во Куќата на славните, УФЦ објави одлично видео за непоразениот Дагестанец

Свечениот прием во Куќата на славните ќе се одржи за време на меѓународната недела на борбите на УФЦ, а меѓу славениците ќе биде и Хабиб Нурмагомедов (29-0, 13-0 УФЦ).

Непоразениот Дагестанец го победи Џастин Гејџи во октомври 2020 година и по трет пат го одбрани шампионскиот појас на УФЦ во лесна категорија. Потоа објави крај на кариерата, неколку месеци по смртта на неговиот татко.

Заедно со Хабиб во Куќата на славните ќе биде примен и неговиот пријател и соборец Даниел Кормиер.

Најголемата светска ММА промоција, во пресрет на церемонијата што ќе се одржи на 30 јуни објави видео во кое многу борци се восхитуваат на кариерата на Хабиб.

Мајкл Чендлер беше особено импресиониран од победата на Хабиб против Џастин Гејџи.

Како дел од серијалот Connected е објавено интересно видео:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО