Тројца боксери утре ќе атакуваат на финале на Балканското првенство, а Рустемовски освои бронза

Утре тројца наши боксери се борат за влез во финалето на Балканското првенство во Албена, Бугарија.

Дион Лена, Илхан Озмен и Арјан Исени ќе се обидат бронзите да ги заменат со посјајни одличја.

Да потсетиме дека Ален Рустемовски освои бронза, иако одлуката на судиите беше дискутабилна. И тој можеше да биде победник во мечот со Украинецот Аидер Абдураиомов. Иако избоксира добро во полуфиналето судиите победата му ја доделија на Украинецот 2-3.

Исени во четвртфиналето славеше против Валериу Размерита од Молдавија 3-2.

Балканско првенство:

57 кг Ален Рустемовски – Аидер Абдураиомов (Украина) 2:3 ½ финале

63,5 кг Дион Лена – Красимир Атанасов Џуров (Бугарија) ½ финале

67 кг Илхан Озмен – Владислав Гуџи (Молдавија) ½ финале

80 кг Арјан Исени – Валериу Размерита (Молдавија) 3-2 ¼ финале
Полуфинале
80 кг Арјан Исени – Кристијан Николов (Бугарија)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО