Петар Заборски и Стефан Стојановиќ ќе се борат за бронзи на Карате 1 Серија во Ларнака

Петар Заборски и Стефан Стојановиќ ќе се борат за бронзени медали на Карате 1 Серија во Ларнака, Кипар.

Двоецот на Макпетрол прикажа добри борби.

Петар Заборски демонстрираше добра форма и во Ларнака, откако пред една недела освои бронзен медал на Балканското првенство во Тирана-Албанија. Тој извојува три победи и еден бораз, а во репасажот славеше против претстaвникот на Грузија со прв освоен поен, бидејќи борбата заврши 1-1. Во борбата за бронзениот медал силите ќе ги одмери со Вилијам Дијантете од Белгија.

Стефан Стојановиќ исто така забележа три победи и пораз, а преку репасажот стигна до борба за бронза. Во репасажот славеше против Богдан Трикос од Србија со 1-0, а за бронзата ќе се бори со Махди Ашури (Иран).

Борбите за бронзените медали се во недела.

Ангела Мојсовска го освои седмото место. Таа во репасажот загуби тесно 2-3 Анита Макјан (Ерменија) 2-3.

Данило Божовиќ доби шанса во репасажот, но борбата заврши во корист на Клумбиецот при резултат 2-2, поради прв освоен поен. Тој го овсои 9-тото место.

На овој турнир на Карате 1 Серија А настапуваат 914 каратисти со 936 натпреварувачки влезови од 76 држави.

Резултати:

-55 кг
Јована Греоргиева – Марсела Бедоја (Колумбија)
Симона Заборска – Анастасија Потапчик (Украина)
Рудина Алиу – Атанасија Андријанопулу (Грција)
Марија Петровска – Хатиџе Курт (Турција)

-61 кг
Вероника Костовска – Даниела Холк (Полска)

-68 кг
Ангела Мојсовска – Нафисех Абди (Иран) 1-0
Ангела Мојсовска – Сара Кривдова (Словачка) 2-0
Ангела Мојсовска – Софија Ферарини (Италија) 1-4
Репасаж
Ангела Мојсовска – Анита Макјан (Ерменија) 2-3

+68 кг
Бојана Манева – Гијанела Лазу (Перу) 0-8

-60 кг
Матеј Белистојаноски – Лиридон Зеналај (Белгија)
Вахик Весели – Симоне Џулијано (Италија)

-67 кг
Емил Павлов – Васил Ривов (Бугарија)
Давид Петков – Хамза Јабер Раиз (Белгија)
Усаме Бахтијари – Адам Краус (САД)

-75 кг
Мурсел Мисини – Константин Јаненко (Украина) 0-1

Петар Заборски – Панајотис Лазаидес (Кипар) 1-0
Петар Заборски – Константинос Зигурис (Грција) 3-0
Петар Заборски – Олександар Казачок (Украина) 1-0
Петар Заборски – Херохи Пицул (Украина) 0-7
Репасаж
Петар Збаорски – Шота Абуашвили (Грузија) 1-1
За бронза
Петар Заборски – Вилијам Дијантете (Белгија)

Љупче Михајлов – Олех Оврас (Украина) 0-1
Глигор Хаџи Кимов – Димитриос Столис (Грција) 1-5
Димитар Лозаноски – Јевхени Пилпијук (Украина) 0-3

-84 кг
Витомир Трајковски – Ромеин Хоч (Франција) 3-0
Витомир Трајковски – Лоизос Василиус (Кипар) 0-4

Петар Спасеновски – Џими Хаг (Шведска) 1-1

+84 кг
Берат Јакупи – Леонардо Лаказија (Италија) 2-0
Берат Јакупи – Ахмад Абу (Израел) 2-3

Стефан Стојановиќ – Емре Киванџ (САД) 0-2
Стефан Стојановиќ – Симоне Марино (Италија) 3-1
Стефан Стојановиќ – Омар Бујан (Франција) 4-2
Стефан Стојановиќ – Грег Андресон (Шкотска) 3-8
Репасаж
Стефан Стојановиќ – Богдан Трикос (Србија) 1-0
За бронза
Стефан Стојановиќ – Махди Ашури (Иран)

Данило Божовиќ – Сандро Крешиќ (БиХ) 1-0
Данило Божовиќ – Махмут Немати (Иран) 0-4
Репасаж
Данило Божовиќ – Леонардо Тривино (Колумбија) 2-2

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО