Александар Усик и Тајсон Фјури договорија меч за апсолутен првак, познат и датумот

Шампионите во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури и Александар Усик, договорија меѓусебна пресметка која ќе се одржи во Саудиска Арабија, па светот ќе добие апсолутен шампион кој ќе ги има сите шампионски појаси.

Борба помеѓу Британецот и Украинецот ќе се одржи на 23 декември или некаде во јануари. Инаку, и Фјури и Усик немаат пораз во кариерите.

Фјури кој е шампион во верзијата ВБЦ, во октомври ќе има борба против Франсис Нгану, а потоа ќе го нападне Усик кој е првак во верзиите ВБА, ИБФ и ВБО.

„Ова е најголемата борба што може да се организира во нашиот спорт. Не се сомневам дека ова ќе биде најголемиот боксерски настан на векот“, рече промотерот Френк Ворен.

Последен боксер кој ги имаше сите појаси во тешка категорија, беше Ленокс Луис во 1999 година, па Усик или Фјури ќе биде првиот апсолутен шампион во 21-ви век.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyson Fury (@tysonfury)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО