Емил Павлов и машкиот ката тим се закитија со сребрени медали, а Петар Заборски со бронзен на Балканското карате првенство

Емил Павлов и машкиот ката тим се закитија со сребрени медали на Балканското првенство за сениори во Тирана, Албанија, а Петар Заборски се закити со бронзен.

Во борбата за златниот медал Павлов загуби од Ненад Дуловиќ од Црна Гора. Исто така и ката тимот во финалето е поразена од Црна Гора.

Мурсел Мисини преку репасаж успеа да се избори за македонска борба за бронзениот медал со Петар Заборски која му припадна на Заборски кој славеше со 7-0. Треба да се истакне и добриот настап на Глигор Хаџи Кимов кој за влакно не влезе во борбата за бронзениот медал. Борбата на Глигор со Ендрит Бека од Косово заврши 1-1, но поради прв освоен поен косовскиот каратист доби шанса за бронзениот медал која ја искористи.

Денес Фахик Весели освои бронзен медал, а вчера Викторија Јовановска се закити со сребро, додека Вероника Костовска со бронзен. Христаки Давитковски во конкуренција на ветерани освои злато.
За денес пресотануваат борбите во категоријата над 84 кг. Утре на програмата се екипните борби.

Резултати Балканско првенство:

-60 кг
Матеј Белистојаноски – Огњен Бјелајац (Црна Гора) 0-0

Вахик Весели – Џан Махмутовиќ (Босна и Херцеговина) 2-1
Вахик Весели – Хасан Челал Јилдирим (Турција) 5-1
Вахик Весели – Георгиос Каралис (Грција) 0-2
За бронза
Вахик Весели – Матија Бојиќ (Црна Гора) 7-5

-67 кг
Емил Павлов – Николас Таргас (Грција) 9-0
Емил Павлов – Бакир Грабуш (БиХ) 9-2
Емил Павлов – Александар Топузовиќ (Србија) 4-1
Емил Павлов – Џино Толи (Албанија) 3-2
Финале
Емил Павлов – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) пораз

Стефан Стојмиров – Исмаил Болат (Турција) 4-3
Стефан Стојмиров – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 0-3
Репасаж
Стефан Стојмиров – Лазар Марковиќ (БиХ) 0-1

Бојан Костов – Петрос Коцанастасис (Грција) 4-3
Бојан Костов – Стефан Јоксиќ (Србија) 0-1
Усаме Бахтијари – Џино Толи (Албанија) 0-6

-75 кг
Мурсел Мисини – Али Гунеј (Турција) 5-2
Мурсел Мисини – Хамза Туруља (БиХ) 2-2
Репасаж
Мурсел Мисини – Јака Гаал (Словенија) 6-3
За бронза
Мурсел Мисини – Петар Заборски 0-7

Петар Заборски – Лазар Јововиќ (Црна Гора) 3-2
Петар Заборски – Огњен Живковиќ (Србија) 2-1
Петар Заборски – Хамза Туруља (БиХ) 3-5
За бронза
Петар Заборски – Мурсел Мисини 7-0

Љупче Михајлов – Сефер Бајрами (Косово) 8-0
Љупче Михајлов – Аља Делиќ (БиХ) 5-0
Љупче Михајлов – Страхиња Радојчин (Србија) 0-1

Глигор Хаџи Кимов – Емре Саљиу (Црна Гора) 2-6
Репасаж
Глигор Хаџи Кимов – Евагелос Серметакис (Грција) 6-3
Глигор Хаџи Кимов – Ендрит Бека (Косово) 1-1

-84 кг
Витомир Трајковски – Махир Џухо (БиХ) 2-3
Хамза Зјилали – Михајло Василиќ (Србија) 0-8
Петар Спасеновски – Угљеша Пејовиќ (Србија) 6-4
Петар Спасеновски – Емир Бугра Генџан (Турција) 0-2

+84 кг
Берат Јакупи – Јан Безочник (Словенија) 6-0
Берат Јакупи – Анес Бостанџиќ (БиХ)

Стефан Стојановиќ – Анџело Квесиќ (Хравтска)
Данило Божовиќ – Ѓорге Тесановиќ (Србија) 3-10
Вегим Мурати – Гал Крзишник (Словенија)

Ката тим мажи: Кристијан Бајовски, Давид Спасовски Александар Спасовски – сребрен медал

Македонија – Црна Гора 40,6 – 41,3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО