Арјан Исени се пласира во полуфиналето на Балканското бокс првенство

Арјан Исени славеше 3-2 во четвртфиналето против Валериу Размерита од Молдавија на Балканското првенство во Албена, Бугарија. Исени обедбеди полуфинале и најмалку бронзен медал.

За влез во финалето Исени на 30 септември ќе ги вкрсти ракавиците со Кристијан Николов од Бугарија.

Утре настапува Ален Рустемов и ќе ги одмери силите со Аидер Абдураиомов од Украина. Тежок противник. Ако го помине Украинецот, во финалето го чека Кубанецот со бугарски пасош Хавиер Ибанез.

Балканско првенство:

57 кг Ален Рустемов – Аидер Абдураиомов (Украина) ½ финале (во финале ги чека Хавиер Дијаз Ибанез (Бугарија)

63,5 кг Дион Лена – Красимир Атанасов Џуров (Бугарија) ½ финале

67 кг Илхан Озмен – Владислав Гуџи (Молдавија) ½ финале

80 кг Арјан Исени – Валериу Размерита (Молдавија) 3-2 ¼ финале
Полуфинале
80 кг Арјан Исени – Кристијан Николов (Бугарија)

Со повеќе спортски дух, покрај сигурните бронзи во сите категории, може да се обезбедат и посјајни одличја, односно да се борат во финалето.

Борбата на Исени е на 2:19:00.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО