Ален Рустемовски прикажа добра борба на Балканското првенство, освои бронза

Ален Рустемовски ќе се задоволи со бронзен медал на Балканското бокс првенство во Албена, Бугарија. Иако избоксира добро во полуфиналето, на негово разочарување, судиите победата му ја доделија на Украинецот Аидер Абдураиомов 2-3.

Рустемов не се штедеше и отворено влегуваше во борбата со размена на удари. Публиката ги награди и двјацата за прикажаната битка.

Вакви борби му требаат на Рустемовски, бидејќи е очигледно дека има талент и техника.

Балканско првенство:

57 кг Ален Рустемовски – Аидер Абдураиомов (Украина) 2:3 ½ финале

63,5 кг Дион Лена – Красимир Атанасов Џуров (Бугарија) ½ финале

67 кг Илхан Озмен – Владислав Гуџи (Молдавија) ½ финале

80 кг Арјан Исени – Валериу Размерита (Молдавија) 3-2 ¼ финале
Полуфинале
80 кг Арјан Исени – Кристијан Николов (Бугарија)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО