Даниел Стефановски пред пресметката со Киријадикис: Како и секогаш, одам на победа со нокаут!

Даниел Стефановски и Киријадикис успешно го минаа мерењето за утрешната пресметка (29 септември) во К-1 во Цирих, Швајцарија.

Македонскиот воин и Гркот Кирјадикис ќе се борат на Престиж фајт под покровителство на Реунион промоцијата.

„Како и секогаш одам на победа! И како секогаш на нокаут! Им благодарам на сите Македонци и со Господ напред“, рече за Ипон.мк Даниел Стефановски.

Неодамна Даниел Стефановски ја одбрани светската титула на ВКУ во К-1 на настанот Гладијаторс најт во Цирих, Швајцарија, против Родриго Минеиро победувајќи го со одлука на судиите 3-0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО