Тепање со стап на 15-годишна боксерка оти изгубила борба (Вознемирувачко ВИДЕО)

Шокантен инцидент го потресе боксерскиот свет.

Херберт Калунги, боксерски тренер од Уганда, бил уапсен откако безмилосно ја претепал својата боксерка со стап. Се појави видео на кое се гледа како Калунги ја тепа 15-годишната Дафин Намитала од Боксерскиот клуб Спаркс.

Ова се случи оваа недела откако Намитала загуби во борба од Ирене Апијо од Боксерскиот клуб Гулу. Видеото предизвика незадоволство низ Уганда, со реакции и од јавноста и од познатите личности во боксерскиот свет.

И Мозес Муханги, претседател на Боксерската федерација на Уганда, не беше задоволен од она што го виде. Федерацијата соопшти дека нема да толерира физичко казнување бидејќи тоа е нелегално во Уганда.

Тие ја ангажираа Дисциплинската комисија да го истражи инцидентот и да соработуваат со полицијата за да се обезбеди правдата да биде спроведена. Министерот за спорт Питер Ованг истакна дека физичкото казнување е незаконско и повика на темелна истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО