Рико Верховен тренира со Том Аспинал

Во светот на боречките вештини, постојат неколку имиња толку познати и почитувани како она на Рико Верховен.

Како актуелен шампион во кик бокс во тешка категорија на Глори тој се здоби со светско признание за неговите импресивни настапи во рингот. Рико неодамна тренираше со ѕвездата на УФЦ во тешка категорија Том Аспинал.

Салата на Верховен долго време гради репутација како центар за обука и за таленти во подем и за етаблирани шампиони. Познати борци од различни дисциплини често одат во Холандија да тренираат со Верховен и да ги научат триковите на кик боксот.

Том Аспинал, кој сонува да ја освои титулата во УФЦ која моментално ја држи легендарниот Џон Џонс, се радуваше на Верховен и неговиот тим.

„Поминав одлично со Рико Верховен и момците од Суперпро центар. Секогаш кога одам таму учам толку многу совети и трикови кои можам да ги додадам во мојата борба”, изјави Аспинал.

Аспинал во моментов нема закажана борба. Верховен, пак, во ноември ќе се бори со Тарик Осаро во Арнем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Aspinall (@tomaspinallofficial)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО