Тренер во Русија му го скрши носот на својот боксер по пораз (ВИДЕО)

Рускиот ММА борец во тешка категорија Макс Штербаков претрпе два порази во една ноќ. Штербаков го подели рингнот со руската ѕвезда во боречките вештини Максим Новоселов на гала вечер во Русија.

Нивниот меч заврши во втората рунда со нокаут во корист на Новоселов, кој 3 пати го собори Штербаков.

По битката со Новоселов, Штербаков се врати во соблекувалната и се скара со својот тренер Алберт Кармазјан. Поради тоа повторно загуби и по ударите од тренерот има скршеница на носот и потрес на мозокот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО