Во Олмпија задоволни од настапот на нејзините борачи за Чаир и незадовони од Федерацијата

Од БК Олимпија се задоволни од она што го остварија на Државното изборно првенство за пионери до 15 години вчера во Прилеп како дел од БК Чаир.

Поради суспенизијата на клубот, а за да не губат борачите, тие ги регситрираа за БК Чаир од Скопје.

Во категоријата до 52 кг Леон Стојанов го освои сребрениот медал, а до 57 кг Филип Тодоров се закити со бронзата, додека Бојана го освои прво место во женска конкуренција.

„Честитки за храбрата Бојана,искусниот Леон и упорниот Филип за освоените медали Изборниот шампионат за деца до 15 години. Морам да истаканам дека нашите борачи беа буквално принудени (земи или остави) да се борат за друг клуб, жаргонски, беа извлечени од шешир од многуте борачи на Олимпија, за потоа други да одлучуваат кој ќе се бори. Покрај нашите напори сите борачи да се борат под името на федерацијата, Агенција за млади и спорт“, вели Марјан Атанасов од Олимпијам притоа смета дека едно лице од Федерацијата одлучува кој, како и каде (во кој клуб) ќе биде регистриран, а кој ќе нема можност да се бори во оваа година, без учество на најповиканата Комисија за регистррање.

Атанасов смета дека тоа е самоволие и анархија на едно лице, додека другите клубови од, за него непознати причини, си молчат и дозволуваат ваква состојба во федерацијата, иако и тие самите знаат дека не се работи статутарно и согласно правилниците за работа.

Тој вели Олимпија Ќе продолжи да работи со истото темпо и ќе бара решение како да дејствува во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО