Александар Усик: Ќе го оседлам Фјури како коњ

Шампионот на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија, Александар Усик, објави ново видео во своите приказни на Инстаграм, во кое на шега му се обраќа на шампионот на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури.

Усик покажа како се јава коњ и се закани дека на ист начин ќе ja оседла живаta британска легенда. Пред неколку дена стана извесно дека Фјури ќе ја брани титулата во тешка категорија на ВБЦ против Дилиен Вајт.

Ќе се борат во Британија. Се уште не е понато кога ќе биде враќањето на Усик. Александар го очекува реваншот со Ентони Џошуа пред летото, но се уште е нејасно точно кога и каде ќе ги видиме

Во видеото на Инстаграм Усик рече:

„Еј, Тајсон Фјури, ќе те оседлам на ист начин“.

Доколку Усик и Фјури ги добијат следните натпревари, тогаш ќе ги видиме во обединувачки меч за титулите во тешка категорија на крајот на 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО