Внукот на Мухамед Али со нокаут во стилот на Али (ВИДЕО)

Нико Али Волш, внукот на легендарниот боксер Мухамед Али, оствари нова победа во професионалниот ринг. Тој го нокаутира сонародникот Џеремаја Јегер во втората рунда од нивната битка. Судирот се случи во хард рок хотел и казино во Тулса (Оклахома, САД).

Оваа победа беше четврта за Нико во професионалци, а досега нема претрпено ниту еден пораз. Пред да го нокаутира Јегер, Волш ги правеше движењата со ногата што сакаше да ги прави самиот Мухамед Али.

Волш има 22 години и има долг пат да помине за барем малку да се доближи до големината на својот дедо. Легендата Али почина на 74-годишна возраст во 2016 година.

https://www.youtube.com/watch?v=L4elVs0OvIY&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО