Александар Усик ќе игра на фудбалски турнир

Шампионот на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија, Александар Усик, изјави дека ќе игра за украинскиот фудбалски клуб Полиција на Зимскиот куп. Ова ќе се случи на почетокот на следниот месец во Турција.

„Ќе дебитирам за тимот на Полиција Житомир од Првата лига. За овој тим ќе дебитирам во Турција на 3 февруари. Ќе учествувам на Зимскиот куп“, изјави Усик, пренесе официјалниот сајт на клубот.

На почетокот на овој месец, Усик наполни 35 години. Кон крајот на минатата година Усик го симна од тронот Ентони Џошуа во центарот на Лондон.

Сега се очекува нивниот реванш во наредните месеци. Александар има скор од 19-0 во рингот и 13 победи со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО