Тони Белју ја напаѓа светската титула на Џозеф Паркер?

Џозеф Паркер (22-0, 18 КО) во саботата за прв пат ја брани титулата во тешка категорија на ВБО.

25-годишниот Новозеланѓанец на домашен терен во Окленд се бори против Романецот Разван Цојану (16-2, 9 КО) откако задолжителниот предизвикувач Хју Фјури откажа поради повреда на грбот.

Се очекува дека Паркер нема да има поголеми проблеми во оваа борба, а се појавија информации во врска со плановите за следната одбрана на титулата.

ВБО шампионот, наводно, веќе почнал разговори за борба со Тони Белју. Британецот (29-1-2, 19 КО) како ВБЦ шампион во крузер се качи во тешка категорија и во март го нокаутира Дејвид Хеј.

Неговиот промотор е, какои на  Ентони Џошуа, Еди Херн и ова се смета за вовед во борбата на Ентони Џошуа и Паркер, ако Новзеланѓанецот успеа да го победи Белју, ако не, нема да има борба со Џошуа, но Херн ќе има два светски шампиона во тешка категорија.

Дека во приказната има нешто покажуваат и пораки помеѓу Белју и Паркер разменети на Твитер.

Паркер пишува дека ќе се бори против којбило. Британецот одговори: Внимателно момче! На што шампионот на ВБО испрати порака: Испрати договор!

N

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО