Очекувано Крис Киборг ќе се бори за титулата на УФЦ 2014

Откако УФЦ практично создаде категорија заради неа, логично е Крис Киборг да добие шанса да се бори за титулата во перо категоријата на организацијата.

Се очекуваше Бразилката да се бори уште во првиот дуел за појасот, но таа не беше физички подготвена за тоа. Поради оваа причина се сретнаа Жермеин де Рандамие и Холи Холм, при што победи Де Рандамие.

Сепак, Холанѓанка, најверојатно, ќе го ослободи појасот, без да се сретне со Киборг.

Новинарот Крис Тејлор потврди дека на 29 јули Крис Киборг ќе се бори за титулата на УФЦ 214.

Нејзината противничка за појасот се уште не е позната. Овие денови се појави информација дека шампионката од Инвикта, Меган Андерсон, е подготвена да се бори со силната Бразилка.

Крис Тејлор го потврдува ова, но и и додава дека „УФЦ разгледува и други опции“ за противник на Киборг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО