Реваншот Џошуа – Кличко ќе се одржи во Кардиф

Реваншот меѓу Владимир Кличко и Ентони Џошуа повторно ќе се одржи во Велика Британија. Според медиумите на Островот, бoрбата ќе се одржи во почетокот на следната година, а домаќин ќе биде стадионот „Милениум“ во Кардиф, на кој овој месец ќе се одржи финалето на Лигата на шампионите.

Сепак, претходно Владимир треба да го отфрли настојчивиот совет на својот брат Витали и на сопругата Хајден Панетир и повторно да излезе на рингот против Ентони.

Во исто време Џошуа покажа нетипична скромност за светски шампион во тешка категорија. „Не“ е краткиот одговор на прашањето дали се споредува со Мохамед Али, Џорџ Дорман, Џо Фрејзер, Пари Холмс, Мајк Тајсон и Ивендер Холифилд.

„Мојата амбиција е да ги освојам сите титули и да ги држам во наредните 10 години. Но, дури и да го направам тоа, едвај ќе го добијам истото признание во оваа интернет ера. На социјалните медиуми постојат премногу различни мислења“, заврши Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО