Флојд Мејведер: Имам 40 години, Конор Мек Грегор може да ме победи

Многу е необично да се слушне Флојд Мејведер во ситуација во која не зборува во суперлативи за себе. Овој пат дури истакна дека постои можност за пораз од Конор Мек Грегор.

И покрај тоа што не изгледа дека бокс мечот Флојд и Конор е секој ден се поблиску, тој е постојана тема. Овој пат Флојд го прашаа новинарите на ТМЗ за мислење во врска со шансите на Конор. Одговорот ќе изненади сите кои малку подобро знаат како изгледаат изјавите на Флојд:

„Нема да седат тука и да велам како ќе го нокаутирам Конор Мек Грегор. Тој во спортот направи добри работи и поради тоа е таму каде што е. Јас сум надвор од спортот некое време и имам 40 години, така што сум многу постар од него кој се уште е во своите 20-ти. Тоа може да игра клучна улога во оваа средба. Освен тоа, тој страшно силно удира, секој негова борба тој е во бокс став и боксира. Има ли шанси да ме победи? Не можам да го кажам тоа, но во боксот се е можно“.

Се разбира, може да се претпостави дека тоа е чист маркетинг. Повеќето луѓе од боксот, вели дека шансите за ирскиот ММА борец се минимални. Но, ако испадне дека ниту Флојд не сака да тврди дека е сигурен победник, можеби тоа да привлече дополнителен интерес за мечот. Ако, воопшто, се договори средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО