Си Ен Ен ви ја прикажува новата уникатна база на УФЦ (ВИДЕО)

 

Американскиот медиумски гигант CNN добие можноста да напрафи посебен круг во новата база на УФЦ.

Репортерот Дон Ридел го разгледа новота корпоративно лого на компанијата, како и т.н.. УФЦ Перформанс институт. И двете работи се наоѓаат на површина од 15 акри.

Наскоро 250 вработени ќе се вселат таму, а на нив ќе и се приклучат и борци кои ќе го користат центарот, предвиден за спортисти.

„Тоа беше целта – се да биде под еден покрив, за да можеме тука да правиме се – во канцеларија, без да сакаме да го напуштаме“, посочи Дана Вајт.

Новата база на УФЦ претставува значително подобрување во однос на старата, каде салата се наоѓаше во подрумот, а борци како Стефан Струве не можеа целосно да се испрват на рингот. Некои од вработените требаше да работат во подрумот.

Борците веќе може да уживаат во удобноста како на камерата за криотерапија, базен, капацитети за ласерска терапија и друго.

И октагон во целост е достапен, располага со камери со висока резолуција, кои ќе ги снимаат тренинзите на борците и нивните спаринзи.

Има предвидено простории за одмор, исхрана, рехабилитација, итн.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО