Вајт: Не знам дали веќе некогаш браќата Дијаз ќе се борат во УФЦ! (ВИДЕО)

Во ексклузивното интервју за ММА Фајтинг, Нејт Дијаз откри многу до сега непознати детали за мечот против Тони Фергусон на УФЦ 213, која првично го прифати, но подоцна целата работа се прошадна поради парите. Всушност, УФЦ не сакаше да ги плати парите што ги побара Нејт за мечот.

Потоа рече дека се предомислил и дека не сака да ја одработува работата на Конор додека овој во боксот заработува милиони, а и дека не планира да биде искористен од УФЦ.

ТМЗ брзо го фати Дана Вајт и го праша како стојат работите со ултра популарните ММА браќа. Веста не е добра …

„Не верувам, не знам дали веќе некогаш браќата ќе се борат“, рече тој во кратката изјава додаде:

„Цело време и нудиме борби. До нив е. Постојано им нудиме борби, но тие ги одбиваат. Сакаат ли да се борат утре или по една година, тие треба да одлучат“.

Според она што го изјави Дијаз за ММА Фајтинг, речиси е сигурно дека 2017 гоидна ќе ја пропушти, исто како и неговиот брат Ник. Во моментов се занимаваат со триатлон и ги интересираат само големи мечеви.

„Се обидуваат да ме притиснат да се борам против Фергусон, но нема ебана шанса. Нема да го покривам Конор Мек Грегор и да ја одработувам работата за него, додека тој заработува милиони во боксот и други глупости“, му рече Дијаз на Ариел Хелвани.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО