АктуелноБоксДомашна сцена

Тетовчанецот Александар Ристовски не знае за пораз, боксер кој ветува

Боксерот Александар Ристовски е вистинско откритие во македонскиот бокс кој годинава демонстрираше врвна форма на рингот во Македонија и во соседството. Боксер кој ветува.

Боксерски клуб Шкендија но лимит од Тетово се гордее што во своите редови го Александар Ристовски кој има 17 години и потекнува од нивната школа. Од клубот велат дека тој не е боксер кој ги избира своите противници, бидејќи тој е тука да и докаже на сите дека е најдобар и затоа ги прави тренерите да бидат горди на совојот ученик.

„Александар е со нас една година, во моментов е најдобриот боксер во Македонија. Има осум победи. Произлегува од Тетово и затоа како клуб сме горди што го имаме со нас и во иднина  ќе и докаже на сите дека е најдобар. Сепак, се гордеем со неговите победи, како онаа на Косово против многу искусен боксер. Потоа во Албанија победи врвен боксер, а во македонското првенство не знае за ништо друго освен за победи. Стана македонски шампион во категорија до 75 килограми“, вели тренерот Халим Абази.

Ipon.mk

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON