Тајсон воодушевен од Пакијао: Изгледаше многу добро, половина ПекМен е доволно за повеќето боксери! (ВИДЕО)

Изминатиов викенд Филипинецот Мани Пакијао развесели многу вистински хард кор бокс-фанови со својата винтиџ претстава против Лукас Матис. Пакмен славеше со прекин во 7-та рунда, со што повторно стана светски шампион. Овој пат во неогва сопственост е ВБА шампионскиот појас во велтер категорија.

Воедно, тоа беше и првата победа со прекин за Филипинецот по ноември 2009 година, кога успеа да го сопре славниот Мигел Кото.

Мечот го следеше и легендарниот Мајк Тајсон кој на својот Инстаграм понуди кратка, но многу добра анализа на мечот.

„Го гледав мечот меѓу Пакијао и Матис синоќа. Пакијао сè уште го има тоа во себе. Се движеше многу брзо и многу добро, фрлајќи многу брз преден директ. Половина Мани Пакијао е доволно за да ги победи повеќето добри боксери во светот. Минатата ноќ изгледаше многу добро“, рече Железниот Мајк.

Со него се согласуваат и повеќето боксерски аналитичари кои заклучуваат дека одењето во новиот камп и работата со новиот тренер му донесе многу добро на безвременскиот Филипинец.

По оваа претстава, тешко е да се очекува дека Пекмен толку брзо ќе го видиме во пензија.

https://www.instagram.com/p/BlQ0R2tlmN5/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО