Бадр Хари жестоко се подготвува за наредната борба (ВИДЕО)

Легендата Бадр Хари продолжува да се подготвува за следната борба во Глори.

Во последената битка Хари во реваншот со Хесди Гергес на 3 март победи со одлука на судииите. Се очекува по втор пат да се исправи против шампионот во тешка категорија Рико Верховен. Тие се бореа во 2016 година, но поради повреда на Бадр, борбата беше прекината во втората рунда, а Верховен победи со ТКО.

Од Глори веќе објавија дека Рико Верховен ќе се бори во септември, но неговиот противник е сé уште не е познат. Тоа би требало да биде Бадр Хари, кој тренира повеќе од силно, бидејќи се заканува дека во реваншот ќе го нокаутира Верховен.

https://www.instagram.com/p/BlLO6M1BlKI/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BlSaN1tneT1/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО