Џошуа: Немам стрпление до враќањето во рингот – Поветкин е сериозен предизвик!

Светскиот шампион во тешка категорија на четири различни федерации Ентони Џошуа (21-0, 20 KO) ќе ги брани титулите против рускиот боксер Александар Поветкин (34-1, 24 KO). Мечот и официјално беше потврден, а ќе се одржи на 22 септември стадионот на Вембли.

„Не можам да дочекам повторно да се вратам во рингот. Крајот на март (кога се одржа борбата со Џозеф Паркер) како да беше пред цела вечност“, коментира Џошуа.

“Поветкин е сериозен предизвик и за него подробно ќе се подготвувам. Има сериозна репутација и само будала би го потценил она што е во состојба да го понуди. Тренинзите не престанаа за мене, но во наредните 10 недели ќе бидат интензивни од психичка и физичка гледна точка. Ќе се подоложам до точка на преиспитување, за да се уверам дека сум во врвна кондиција за уште една голема вечер за британскиот бокс на стадионот Вембли на 22 септември“, додаде Ентони Џошуа.

https://www.instagram.com/p/BlSd7ekld_e/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО