Мек Грегор објави тајно видео од Москва, никој не знае за што се работи: Моето руско засолниште полека ги добива контурите! (ВИДЕО)

Најголемата светска ММА ѕвезда, Ирецот Конор Мек Грегор, вчера го прослави својот 30-ти роденден во руската претсолнина во Москва. На покана на претседателот Владимир Путин го посети финалето на Светското првенство помеѓу Хрватска и Франција.

Но, тоа не беше единственото нешто што „Озлогласениот“ го работеше во Русија. На неговиот официјален Твитер објави многу интересно видео кое ја поттикна имагинацијата на навивачите во целиот свет, бидејќи не е сосема јасно за што се работи.

Видеото е долго само 30-тина секунди, аво него Мек Грегор изразува воодушевување на нешто што го нарекува „свеото руско засолниште“.

„Моето руско засолниште полека добива контури“, напиша со видеото во кое изгледа ккао некој мафијаш во лош крими филм.

Повеќето сметаат дека ова е нешто поврзано со мечот против Хабиб Нурмагомедов планиран за оваа есен. Иако се уште нема потврда, се шпекулира дека УФЦ се обидува да организира борба меѓу Мек Грегор и Нурмагомедов на 6 октомври во Лас Вегас на УФЦ 229.

Други сметаат дека Ирецот влегол во инвестиција во Русија, па отишол да провери како напредува и колку е направено досега. Потсетуваме дека Мек Грегор дел од своето богатство вложи во бизнисот со алкохолни пијалоци, но се одлучи и за многу други помали инвестиции.

Што всушност Ирецот гради и работи во земјата на Владимир Путин, веројатно ќе дознаеме многу наскоро …

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО