Тајсон покажа неговото тело на 53 години (ФОТО)

Eден од најдобрите боксери во историјата Мајк Тајсон деновиве е во центарот на вниманието на светската јавност.

Тајсонпо повеќе од десет години повторно започна активно да тренира и со објавите на социјалните мрежи покажа дека брзината не го напуштила. Иако има 53 години тој на сите им докажа дека е подготвен да одработи некој егзебициски меч.

Во јавноста веќе на големо се пишува за негова трета борба со Холифилд која сигурно би била поинаква од претходни две.

Со најновата објава на социјалните мрежи Тајсон покажа како изгледа неговото тело.

„Тренирам и се обидувам да се вратам во рингот. Мислам дека ќе одработам некои ревијални борби. Сакам да одам во теретана и да се вратам во форма за без проблем да издржам 3-4 рунди во ревијален или хуманитарен меч. Работам со полна пареа и се чувствувам навистина добро“, порача Тајсон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО